Утрински Весник
Свет

Војската во Мјанмар им се закани на демонстрантите дека ќе им пука во глава

Бајден ги одобри санкциите против Мјанмар
Dik 300x250 mk

Воената хунта во Мјанмар предупреди денеска дека припадници на нејзините сили ќе пукаат во главата на демонстрантите, објави државната телевизија.

„Треба да знаете дека може да бидете во опасност да ве застелаат во главата и грбот“ соопшти водителот на МРТВ, пренесува „Ројтерс“, истакнувајќи дека ова е прво признание дека имало наредба за пукање да се убие.

Претходно денес, безбедносните сили на Мјанмар застрелаа и убија тројца демонстранти против владејачката воена хунта.

Според сведоците, две лица биле застрелани во главата.

Најмалку 320 лица се убиени во судири од воениот удар на 1 февруари, според активистите на Здружението за помош на политички затвореници.

Светска банка претходно предупреди дека бруто домашниот производ на Мјанмар годинава може да падне за 10% поради кризата во таа земја.

Можете да прочитате

Во тешка несреќа со повеќе возила загинаа над 60 лица во Уганда (ВИДЕО)

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме