Утрински Весник
Македонија

Војнички ранец падна од небо во Неготино

Војнички ранец падна на кров од куќа во Неготино.

Од МВР преку соопштение информираа дека станува збор за војнички ранец во сопственост на војник од сојузничка армија.

„Вчера во ОВР Неготино, 35-годишниот Б.С. од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино“, информираа од МВР.

Како што се додава, предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ке биде надоместена.

Можете да прочитате

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи