Утрински Весник
Магазин

„Војна на вездите“: Дарт Вејдер најголем негативец на сите времиња

„Војна на вездите“: Дарт Вејдер најголем негативец на сите времиња
Dik 300x250 mk

Дарт Вејдер или лорд Вејдер е прогласен за најголемиот негативец на „Војна на Sвездите“ на сите времиња од читателите на „Радиотајмс.ком.“

Култниот научно-фантастичен лик беше на врвот на списокот на најголемите негативци на серијалот, освојувајќи 33 проценти од вкупните гласови.

Хју Фулертон, уредник за научна фантастика и фантазија во RadioTimes.com, вели: „Никогаш не ја потценувајте моќта на Мрачната страна.“

„Повеќе од 40 години откако прв пат се појави на нашите екрани, јасно е дека вербата на фановите на „Војна на Sвездите “ во лордот Вејдер останува посилна од кога и да е, со третина од илјадниците кои гласаа го избраа за свој омилен негативец од серијалот,“ рече уредникот.

„Филмовите и ТВ-сериите од „Војна на Sвездите “доаѓаат и си одат, но Дарт Вејдер секогаш ќе биде вечен негативец. Навистина, тој е мајстор”.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

За мрзеливи луѓе: Самоуправувачка машина за капење

Италија може да загуби 40 отсто од плажите до крајот на векот поради порастот на морското ниво