Утрински Весник
Свет

Војната во Украина влезе во третиот месец – илјадници загинати, милиони протерани, градовите се урнатини

Војната во Украина влезе во третиот месец – илјадници загинати, милиони протерани, градовите се урнатини

Руската инвазија на Украина утрово влезе во третиот месец. Крајот на борбите не е на повидок, илјадници се убиени, милиони протерани, а градовите претворени во урнатини.

На 24 февруари Русија ја нападна Украина од три правци во најголемиот напад врз европска земја од Втората светска војна.

Десетици илјади цивили избегаа од борбите во првите денови, а рускиот претседател Владимир Путин објасни дека започнува „специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на Украина“.

Во една од првите јавни пораки, украинскиот претседател Володимир Зеленски порача: „Русија е на патот на злото, но Украина се брани себеси“.

Првите преговори меѓу двете страни почнаа на 28 февруари, но без никаков успех бидејќи Украина, која се согласи на неутрален статус, не сака да отстапи ниту дел од својата територија.

На 2 март, руските сили започнаа со бомбардирање на јужното пристаниште Мариупол и нападот траеше 14 последователни часа, со што беше запрено заминувањето на цивилите. На тој ден започна московската опсада на градот со стотици илјади жители.

Денеска е уништен речиси целиот град.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking