Утрински Весник
Магазин

Војвотката од Сасекс обвинета за плагирање на „Социјална дилема“ во говор на виртуелен самит

Војвотката од Сасекс обвинета за плагирање на „Социјална дилема“ во говор на виртуелен самит
Dik 300x250 mk

Во вторникот, војвотката од Сасекс учествуваше на виртуелен самит на следната генерација најмоќни жени, и говореше за тоа како научила да води на глобална сцена. Меган беше интервјуирана во рамки на 15-минутна сесија под наслов „Храбро лидерство“.

Голем дел од она што го рече звучеше алармантно познато за претплатниците на „Нетфликс“ кои го гледале неговиот документарец на тема социјални мрежи.

Денес, војвотката се најде на удар на обвиненија за плагирање на идеологијата на документарецот на Нетфликс „Социјална дилема“ – истражувачка програма која ги испитува скриените опасности на социјалните медиуми. Корисниците на Твитер веднаш се појавија на платформата за да истакнат дека коментарите на Меган се речиси идентични со идеите дискутирани во документарецот – дури некои ја обвинија војвотката од Сасекс за плагијат.

Еден корисник на Твитер напиша: „Меган го плагира документарниот филм на Нетфликс „Теоријата на социјална дилема“ во однос натоа дека корисниците на социјалните мрежи се како зависници на дрога, и има образ да каже дека не е присутна на социјалните мрежи со години.

Друг твитерџија напиша: Таа плагира така лежерно, дури и смешно. Друг се исмејуваше: Некој неодамна ја гледал „Социјалната дилема“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Не им стигнуваат астрономски сметки: Како Швеѓаните ги загреваат своите домови за време на студените зими

Четири вида храна кои придонесуваат за собирање на масни наслаги околу стомакот

Google Maps воведува функции што возачите ги чекаа