Првата дама на САД и војводата од Сасекс првпат склучија пријателство пред речиси една деценија, кога се поврзаа поради заедничката страст за поддршка на воените ветерани.
Принцот Хари и д -р Џил Бајден се пријатели речиси 10 години, а откако Џил стана прва дама на САД тие го навестија првиот заеднички ангажман: да им оддадат почит на „Игрите на воините“- проект на министерството за одбрана.
Џил Бајден и принцот Хари во 2017 година
Долгогодишните пријатели ги здружија силите за виртуелниот настан Warrior Games („Игри на воини“).
Денес, 13 септември, Хари и Џил ќе учествуваат на специјален виртуелен настан за славење на спортистите на Warrior Games, нивните семејства и оние кои помагаат во грижата за нив, пренесува „Мејл онлајн“.
Секретарот за одбрана, Лојд Остин, и Кенет Фишер, претседател и извршен директор на Фондацијата „Фишер хаус“ (добротворна организација која гради бесплатни сместување за семејства на воени ветерани додека нивен близок е во болница), исто така, ќе бидат дел од настанот.
Џил Бајден, принцот Хри и Мишел Обама во текот на „Игрите Инвиктус“ во 2016 година
Џил Бајден стана постојан поддржувач на страсниот проект на Хари, „Игрите Инвиктус“, кој има слична мисија со онаа на „Игрите на воините“, на кои принцот првпат присуствуваше во Колорадо во 2013 година. И едно од клучните начела на работата на д -р Џил како Прва дама денес е нејзината иницијатива Joining Forces за поддршка на семејствата на американските војници.
Торонто, 2017 година