Утрински Весник
Магазин

Војводата од Кембриџ со реакција против расизмот во фудбалот

Војводата од Кембриџ со реакција против расизмот во фудбалот

Во последните денови, врвни професионални фудбалери како Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал, Аксел Туанзебе, Ромејн Сојерс и Рис Џејмс беа мета на расистички напади на социјалните мрежи.

Војводата од Кембриџ е еден од многуте кои ја осудија ваквата појава.

Тој се огласи на Твитер и Инстаграм во врска со недоличните навреди на расна основа.

„Расизмот – без оглед дали е на теренот, на трибините или на социјалните медиуми – е злобен и тој мора да престане веднаш. Сите ние сме одговорни да создадеме средина во која таквата злоупотреба нема да се толерира, а оние што ќе изберат да шират омраза и поделба одговараат за своите постапки. Таа одговорност се протега на платформите каде сега се одвива голем дел од оваа активност. Ги пофалувам сите оние играчи, симпатизери, клубови и организации кои продолжуваат најсилно да ја осудуваат оваа злоупотреба,“ напиша принцот Вилијам на официалниот Инстаграм-профил Кенсингтон ројал.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето