Утрински Весник
Магазин

Војводата и војвотката од Сасекс ќе им помагаат на луѓе кои имаат итна потреба од храна

Војводата и војвотката од Сасекс ќе им помагаат на луѓе кои имаат итна потреба од храна

Од потпишување договор за продукција со „Нетфликс“ до подкаст партнерство со „Спотифај“, војводата и војвотката од Сасекс работат со полна пареа на своите независни потфати откако го напуштија кралското семејство.

А нивниот последен проект се очекува да биде особено достоен, пишуваат британските таблоиди, додавајќи дека нивната фондација „Арчивел“ ќе соработува со добротворната организација за храна World Central Kitchen (светска централна кујна).

Новото партнерство беше најавено минатиот викенд, а тоа значи дека фондацијата на принцот Хари и Меган ќе стане партнер со непрофитната World Central Kitchen, чија основна цел е да ги нахрани гладните во области погодени од природни катастрофи или кризи низ целиот свет.

Двете организации ќе се обединат за да создадат четири нови центри за пружање помош во Порторико и карипскиот остров Доминика, кои треба да бидат отворени во 2021 година.

„Здравјето на нашите заедници зависи од нашата способност да се поврземе со нашата заедничка хуманост. Кога размислуваме за готвачот Андре и неговиот неверојатен тим во Светската централна кујна, ќе се потсетиме дека дури и во оваа година на незамисливи тешкотии, многу неверојатни луѓе работат неуморно на поддржувњето едни со други. Светската централна кујна нè инспирира преку сочувство во акција,“ парот напиша на својот официјален мејл.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста