Новиот англиски второлигаш, Вотфорд го именуваа српскиот стручњак Владимир Ивиќ како нов тренер со едногодишен договор со опција за уште една година.
Вотфорд испадна во последното коло во Премиер лигата откако ја завршија сезоната на 19 место по ужасна сезоан во која не беа над 16-тото место на табелата и сменија три менаџери.
43-годишниот Ивиќ ја започна својата тренерска кариера со грчкиот клуб ПАОК во 2013, пред во 2018 година да го преземе Макаби Тел Авив, освојувајќи со нив две титули од Израелската Премиерлига во последните две сезони.
„Имам големи очекувања од мене и од мојот тим. Ова ми е прва работа во Англија и се надевам дека ќе се навикнам што е можно побргу“, изјави Ивиќ.
Новата сезона во Чемпионшип почнува на 12 септември.
✍️ We are delighted to confirm Vladimir Ivić as the new Head Coach of Watford FC.
— Watford Football Club (@WatfordFC) August 15, 2020
> Вотфорд имаат нов тренер – Србинот Владимир Ивиќ <