Лос Анџелес, 26 март 2020 (/) – Новиот коронавирус ги поттикна луѓето почесто да мијат раце, но предизвика и „тепачка“ за дезинфекциски средства, тоалетна хартија, влажни марамчиња… А, некаде има и недостиг од сѐ тоа.
Немајќи соодветен гел за дезинфекција, луѓето преоѓаат кон алтернативни методи, на пример вотка. Но, како што пишува списанието „Експлор хелт“, тоа не е добра опција.
Центрите за контрола и превенција на болести, микробиолозите и лекарите наведуваат дека миењето раце со сапун и вода е најдобар начин да се заштите од вируси и бактерии. Ако пак, нема пристап до сапун и вода, може да се користи средство за чистење на база на 60 отсто алкохол.
Затоа, најдобра ефикасна замена за тоа е медицинскиот алкохол. Жестоките пијалаци, сепак, не се за дезинфекција. си/ссм/