Утрински Весник
Македонија

Воспоставивме дипломатски односи со Филипини

Воспоставивме дипломатски односи со Филипини

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот колега од Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

„Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Северна Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво”, истакна министерот Османи.

Чинот на официјализирање на пријателството меѓу Северна Македонија и Филипини, се реализираше на 76-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, а претставува солидна основа за унапредување на дијалогот на сите нивоа, како и за градење на договорната рамка и развој на соработката во голем број области како културата, образованието, здравството и туризмот.

Филипини е 181 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов