Утрински Весник
Магазин

„Ворнер мјузик“ се здружи со „Тенсент“, планира голем пробив на кинескиот пазар

„Ворнер мјузик“ се здружи со „Тенсент“, планира голем пробив на кинескиот пазар

„Ворнер мјузик“ потпиша договор со кинески „Тенсент“ за да му помогне да се пробие на брзорастечкиот азиски пазар.

Американската издавачка куќа соопшти дека потфатот со кинескиот технолошки гигант ќе помогне нејзините уметници како Дуа Липа и Ед Ширан „да биде невозможно да се игнорираат“.

Компаниите исто така формираа издавачка куќа за заеднички развој на уметници.

Ривалите „Јуниверзал мјузик“ и „Сони мјузик“ склучија слични зделки со „Тенсент“ во обид да се пробијат во Кина, најголемиот светски пазар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Млада Месечина во Риби на 18 март

Од борба за живот до роденденска прослава: Гибончето Мики полни една година

Најсреќни денови во март 2026