„Ворнер Брос“ соопшти дека ги одложува премиерите на двата блокбастери „Дјун“ и „Бетмен“, уште еден неуспех за забавната индустрија погодена од мерките за самоизолација и социјално дистанцирање што ги затворија киносалите ширум светот.
Филмската индустрија доби нов удар во понеделникот кога „Синеворлд“, вториот по големина синџир на киносали во светот, соопшти дека ќе ги затвори своите киносали во Велика Британија и САД, а за својата одлука вината ја префрли на неподготвеноста на филмските студија да продолжат со премиери на големите хитови.
Сепак, „АМЦ Ентертејмент“, светскиот кино-оператор број 1, во вторникот изјави дека повеќето од неговите кина во САД и Европа ќе останат отворени.
Научно-фантастичниот филм Dune во режија на канадскиот режисер Денис Вилнев, ќепочне да се прикажува во октомври 2021 година, наместо годинава. Премиерата на The Batman, во кој глуми Роберт Патинсон, е преместена во пролет 2022 година.