Утрински Весник
Македонија

Вонредeн инспекциски надзор во клиниките каде што било третирано 25-годишно момче кое почина по вадење заб

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прави вонреден инспекциски надзор во сите институции во кои било третирано 25-годишно момче од Берово кое почина по вадење заб.

dobivaj vesti na viber

Директорката Иринка Сотирова-Бухова вели дека вонредниот надзор е почнат.

„Надзорот во болницата во Штип ќе биде утре. Инициран е вонреден надзор не само во оваа болница туку и во сите останати здравствени институции во кои било третирано момчето“, рече директорката Сотирова-Бухова.

Момчето починало на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје каде што било донесено во многу тешка состојба.

Роднини на момчето на социјалните мрежи споделуваат дека починало оти во штипската болница дренот по интервенцијата на забот му бил ставен наопаку, поради што била предизвикана сепса, а било испратено дома.

Можете да прочитате

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба