Утрински Весник
Свет

Вонредни парламентарни избори во Косово

Вонредни парламентарни избори во Косово

Косовските граѓани со право на глас денеска ќе гласаат на вонредните парламентарни избори. Официјалната кампања за овие, осми по ред,
повеќепартиски избори во повоено Косово, започна на 3 февруари, а за следење на изборниот процес се акредитирани околу 20.000 набљудувачи, кои доаѓаат од политички субјекти, медиуми, амбасади, невладини организации и други организации.

На годинешните општи избори учествуваат 28 политички субјекти сертификувани од Централната изборна комисија (ЦИК), при што нема ниеден независен кандидат.

Право на глас имаат 1.794.862 лица, што е за 143.006 помалку во споредба со последниот изборен процес во земјата – вонредните парламентарни избори од 6 октомври 2019 година. Намалувањето на бројот на лица со право на глас се должи пред се на бришењето од гласачкиот список на над 122.000 граѓани кои поседуваат единствено лични документи издадени од УНМИК, а во меѓувреме починале и нешто повеќе од 11.000 лица.

Оценка на медиумите и набљудувачите е дека кампањата помина мирно и без инциденти, со одредени прекршувања на изборниот кодекс, како што е употребата на деца во кампањата, притисоци врз гласачите да гласаат за одредени субјекти, истакнување изборни плакати на јавни места и слично.

Најмногу забелешки, а и парични казни за политичките партии, имаше поради непочитување на Законот за превенција и борба против Ковид-19 на предизборните митинзи.

Овие вонредни парламентарни избори во Косово ќе се одржат откако во ноември минатата година Уставниот суд го оспори легитимитетот на Владата на Авдулах Хоти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Седиштето 11A: Единствениот преживеан и мистеријата на „среќното место“ во падот на Air India

Иран возвраќа со балистички ракети, експлозии се слушаат во Тел Авив

Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран