Голем пожар во електрана во германскиот регион Франконија го принуди градот Нирнберг денеска да прогласи вонредна состојба затоа што греењето и снабдувањето со топла вода во Геберсдорф и Ротенбах ќе бидат засегнати, пренесува „Спутник“.
Градот и компанијата за снабдување со електрична енергија „Н-Ерги“ формираа штабови за управување со кризи. Покрај домаќинствата, со електраната се поврзани една клиника, два пензионерски дома, трговски центар, повеќе училишта како и неколку големи компании.
Kraftwerk Franken-1 in Vollbrand #nürnberg #kraftwerk #brand #vollbrand pic.twitter.com/UE2l8CaFKG
— Stumptner IT (@StumptnerI) February 8, 2021
Пожарот избувна и брзо беше изгаснат од противпожарните екипи во понеделникот попладне, но, централата привремено е исклучуена. Нема пријавени повредени како резултат на пожарот.
Причината за пожарот во централата сè уште не е позната. Пожарот избувнал на приземјето и се проширил на висина од најмалку 80 метри, соопшти противпожарната единица. За гаснење на пожарот биле потребни околу два часа.