Утрински Весник
Македонија

Вонредна седница на советот на општина Куманово по повод трагичниот настан во Романовце

Вонредна седница на советот на општина Куманово по повод трагичниот настан во Романовце
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 24 февруари 2020 (МИА) – Советот на општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашниот трагичен настан во село Романовце, информираа од општина Куманово. Седницата е закажана за во 13:00 часот.

Вчера, на клиникатa во Скопје почина и 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба по експлозијата на плинска боца во семејна куќа во Романовце. Ова е четврт смртен случај.

Во семејната куќа во Романовце, од пожарот од експлозијата на плинската боца починаа три деца на возраст од осум, девет и единаесет години, седум лица беа повредени и префрлени на лекување на скопските клиники.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје