Утрински Весник
Македонија

Вонредна дезинфекција на згради во Карпош

Вонредна дезинфекција на згради во Карпош

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Општина Карпош од денеска почнува вонредна дезинфекција на станбените згради кои имаат повеќе од осум домаќинства.

– Дел од комуналните служби на Општината ќе вршат дезинфекција на влезните врати и влезните делови од зграда, гелендери, сандачиња и лифтови. Дезинфекцијата ќе се изврши со дезинфекциско средство за јавни површини и домаќинства. Оваа мерка претставува дополнителна поддршка за заедниците на сопственици/куќни совети, имајќи ја предвид кризната состојба со КОВИД-19, соопшти Општина Карпош.

Вонредната дезинфекција на станбените единици не значи одложување и прекин на другите активности за одржување на хигиената, планирани од станарите. Напротив, наведува Општината, тие треба да се спроведуваат тековно, а особено да се интензивирани во овој период на раширеност на коронавирусот.

Општина Карпош ги повикува сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од вирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од зградите. хс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот во земјава се одвива по влажни коловози

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата

Кабли вредни 200.000 евра украдени од објект во изградба, осомничен вработен во обезбедување