Утрински Весник
Спорт

Волф и Хамилтон ќе останат во Мерцедес

Волф и Хамилтон ќе останат во Мерцедес
Dik 300x250 mk

Тото Волф и во наредните три години ќе го предводи Мерцедес во шампионатот на Формула 1. Најдоминантниот тим во Формула 1, наскоро треба да ја официјализира и соработката со светскиот првак, Луис Хамилтон.

Договорите на Волф и Хамилтон истекуваат на крајот на годината, тимот објави дека Волф ќе ја продолжи соработката и за наредните три години, додека на „Твитер“, тимот објави дека Хамилтон бил подготвен да ја продолжи соработката и за наредната сезона.

Паралелно со информацијата дека Волф ќе остане во Мерцедес, тимот објави и дека една третина од акциите ќе преземе „Инеос“, што значи дека ќе биде рамноправен акционер со „Драјмлер“ и Тото Волф.

За да има три рамноправни партнери „Дајмлер“ ќе го намали својот удел од 60 на 30 отсто, додека Волф ќе го зголеми влогот на 30 отсто.

Кога станува збор за Хамилтон, со објавата „наскоро“, Мерцедес на „Твитер“, ја објави неговата изјава дека сака да остане во тимот.

„Планирам да бидам овде и наредната година. Сакам да бидам овде наредната година. Ние како тим треба да направиме уште многу работи заедно, во спортот и вон него“, порачал Хамилтон.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 21.март наредната година во Австралија.

> Волф и Хамилтон ќе останат во Мерцедес <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации