Утрински Весник
Македонија

Волонтери на Црвен крст набавија продукти за лица во самоизолација и ранливи групи граѓани

Волонтери на Црвен крст набавија продукти за лица во самоизолација и ранливи групи граѓани

Струмица, 20 март 2020 (МИА) – Волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска набавија продукти, лекарства и извршија плаќање за шест лица во самоизолација, а за две лица од социјално ранливи категории добија бесплатени пакети, информираше Маријана Тошева, секретар на струмичката организација.

Додава дека интересот на граѓаните за услугите на волонтерите е голем.

– Ѓраѓаните ќе можат да ја најават потребата во деновите од понеделник до четврток на телефонскиот број 071/345-901 од 10 до 12 часот, а доставата ќе се врши од страна на легитимни волонтери на Црвениот крст еднаш неделно, в петок, во периодот од 10 до 15 часот. При доставата волонтерите ќе треба да ја покажат својата легитимација, а корисникот ќе треба да пополни изјава за вредноста на паричните средства. Ова го правиме во насока на заштитување на населението од злоупотреба од страна на нелегитимни лица, дополни Тошева.

Информираше дека Општинската организација на Црвениот крст од денеска отвори инфо-линија за психосоцијална помош и поддршка на граѓаните и услугата ќе се испорачува секој ден од 10 до 12 часот на телефоните 071/345-901 и од 12 до14 часот на телефон 078/254-998. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика

Муцунски утре на отворање на Економскиот бизнис форум меѓу Македонија и Словачка

Костадиновска-Стојчевска до Алиу: Зошто се кратат пари за пациентите со ретки болести