Утрински Весник
Македонија

Волонтери на Црвен крст и општината поделија 300 заштитни маски во Крива Паланка

Волонтери на Црвен крст и општината поделија 300 заштитни маски во Крива Паланка

Крива Паланка, 17 јуни 2020 (МИА) – Триста заштитни маски денеска бесплатно им беа поделени на жителите на Општина Крива Паланка.

Маските ги обезбеди локалната самоуправа на општината, а маските ги поделија волонтери на оштинската организација на Црвен крст Крива Паланка и вработени во комунално-редарската служба при општината, со асистенција на вработени од МВР.

– Активноста се спроведе по препорака на штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка, а нашите мобилни волонтерски тимови и комуналните редари во Одделението за инспекциски надзор во општината помогнаа во реалзиацијата. Се делеа маски на граѓаните на најфреквентните локации во градот, пред аптеките, банките, банкоматите, пред трговските објекти, пред поштата, на местата каде во овој период од денот, пред такси стојалиштата, од утрината до пладне гравитира најголема маса луѓе, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Истовремено, на сите граѓани им беа дистрибуирани информативни флаери за превенција и заштитна опрема на вработените во институциите на подрачјето на Општина Крива Паланка, со цел подигнување на колективната свест за превенција и спречување на ширењето на Ковид-19. ид/рп/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги

ВИДЕО: Нов голем пожар кај Македонски Брод, изгорени се и куќи

Вицепремиерот Стоиљковиќ за средбата Мицкоски-Курти: Приштинските власти континуирано вршат терор врз Србите