Утрински Весник
Свет

„Волмарт“ го повлече оружјето од продажба

„Волмарт“ го повлече оружјето од продажба

Синџирот на американски супермаркети „Волмарт“ соопшти дека го отстранил огненото оружје и муницијата од полиците на своите продавници во САД, за да ги заштити клиентите и вработените, поради се поголемата напнатост низ целата земја.

Пред претседателските избори во САД, многумина се загрижени дека резултатот може да биде оспорен или да предизвика насилство.

„ Видовме изолирани случаи на граѓански немири и како што сторивме во неколку ситуации во последниве години, превентивно префрливме оружје и муниција од полиците во магацинот, за безбедноста на нашите работници и клиенти“, изјави портпаролот на „Валмарт“.

Компанијата не одлучи кога ќе го врати оружјето и муницијата на полиците, додаде тој.

Малопродажниот ланец со седиште во Бентонвил, Арканзас, има повеќе од 5.000 продавници во САД, а приближно половина од нив продаваат оружје, кое ќе продолжи да им биде достапно на клиентите кои ќе побараат да го купат.

Малопродажните компании се загрижени откако, на почетокот на оваа година, луѓето искршија излози на продавници, крадеа стоки и понекогаш палеа некои продавници во Чикаго, Њујорк, Лос Анџелес, Портланд и други американски градови.

Во јуни, „Волмарт“ повлече огнено оружје и муниција од некои продавници во САД за време на протестот за смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд во полициски притвор кон крајот на мај.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет