Стокхолм, 20 април 2020 (МИА) – Фабриката за автомобили „Волво“ од денес продолжува со производство во својата фабрика во близина на Гетеборг. Ова стана можно по успешните преговорите со синдикатите.
Шведскиот производител на автомобили исто така најави дека планира да отвори фабрика во Гент, Белгија, но со помали количини на производство.
И фабриката во Јужна Каролина во САД ќе се отвори на 11 мај откако ќе беше затворена поради пандемија со коронавирусот. зс/