Утрински Весник
Македонија

(Вознемирувачко фото) Обесиле кученце во Демир Капија и го оставиле да виси

B9a9c1bd fc0b 420e 95a2 2790a09cc4de

Фотографии од мало куче обесено на дрво ги згрози жителите на Демир Капија. Имено, фотографиите се споделени на Фејсбук на страницата Шепасти Ентузијасти.

„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај!вШтотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова? ОВА Е СЕКОЈДНЕВИЕТО НА НАШАТА МИЗЕРНА ДРЖАВА!ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ? ДАЛИ ВИЕ ИМАТЕ ЕМПАТИЈА? ДАЛИ ВИЕ ВООПШТО ИМАТЕ ЧУВСТВА?!?? Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества! Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ. Доколку некој има дополнителни информации околу истиот, Ве молиме да не контактирате на contact@pawesomenthusiasts.org

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК