Утрински Весник
Свет

Воздухот во Сараево нездрав, густа магла го блокираше аеродромот

Воздухот во Сараево нездрав, густа магла го блокираше аеродромот
Dik 300x250 mk

Индексот на квалитет на воздухот во Сараево е 195, тој е нездрав и е на граница на многу нездрав. Воздухот беше многу нездрав вчеравечер.

Луѓето со срцеви и респираторни заболувања, како што е астмата, се предупредуваат на можна појава на засилени симптоми и интензитет на болеста поради нездравиот воздух, додека сите други би можеле да апочнат да го чувствуваат негативното влијание на загадениот воздух врз здравјето, пишува „Срна“.

Пациентите со заболување на белите дробови и срцето, бремените жени, децата и постарите лица треба да ја намалат секоја физичка активност надвор, а сите други треба да избегнуваат подолг или поголем стрес за време на престојот надвор, предупредуваат од здружението „Еко акција“.

Поради густата магла се откажани сите пристигнувања и поаѓања од Меѓународниот аеродром во Сараево планирани за утринските часови. Моменталната видливост на аеродромот е 200 метри, а температурата е минус два Целзиусови степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп