Утрински Весник
Македонија

Возач загина во сообраќајка кај Кокино

Возач загина во сообраќајка кај Кокино

Во вечерните часови на 19 април било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Драгоманце и Арбанашко, во атарот на селото Кокино, општина Старо Нагоричане, автомобил „фолксваген голф“ излетал од коловозот.

Како што информираат од МВР, возилото со кумановска регистрација било управувано од 44-годишниот Д.П. од селото Арбанашко.

На местото на незгодата починал возачот, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

„КОД“ откри: Марихуаната во Србија превезувана како „македонски перници“ од Прилеп

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците

Сообраќајот се одвива во зимски услови, без подолги задржувања на граничните премини