Утрински Весник
Македонија

Возачот без дозвола, совозачот со марихуана, автомобилот без регистрација – приведени двајца тетовци

Возачот без дозвола, совозачот со марихуана, автомобилот без регистрација – приведени двајца тетовци

Полицијата кај селото Стајковци сопрела возило без регистерски таблички, пришто приведени поради неколку прекршоци се двете лица кои се превезувале во возилото.

Како што соопшти МВР автомобилот бил сопрен вчера напладне, а во него биле Е.Љ.(18) и Љ.М. (22) – и двајцата од Тетово.

„Кај совозачот Е.Љ.(18) од Тетово била пронајдена марихуана по што бил лишен од слобода. Приведен бил и возачот Љ.М.(22) од Тетово кој не поседувал никаков документ за идентификација, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување моторно возило“, соопшти МВР.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

Нов мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски