Утрински Весник
Македонија

Водостоите на реките пониски од просечните

Со изградба на пешачка патека ќе се враќа стариот сјај на беровскиот кеј на река Брегалница

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за јуни и главно се скоро на истото ниво како вчера со понекаде благо зголемување или намалување, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Пчиња на мерното место кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е малку повисок од просечниот.

Нивоата на трите природни езера се исти како вчера, но водостојот на Дојранското Езеро е за 2,84 метри повисок од повеќегодишниот просек за јуни, додека кај Преспанското е понизок 1,02 метри од просечниот, а кај Охридското за три сантиметри. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“