Утрински Весник
Македонија

Водосотојот на Дојранското Езеро втор ден расте

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Втор ден по ред се зголемува водостојот на Дојранското Езеро, а на останатите две природни езера останува ист. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро денеска пораснало за три сантиметри со што е за 2,99 метри повисоко од просечното за април.

За разлика од Дојранското, водостојот на Охридското и Преспанското Езеро е понизок од просечниот и тоа за два сантиметри кај Охридското, односно за 92 санитметра кај Преспанското Езеро.

Нивоата на најголемиот број реки во земјава се над просекот за април, но се намалуваат во однос на вчера. Исклучок се Вардар на мерното место кај Велес и Радика кај Бошков Мост каде има мало зголемување на водостојот во однос на вчерашниот. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ

Јанкулоска: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува вечна

Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува