Утрински Весник
Македонија

„Водовод и канализација“ – Скопје нема да ги чита водомерите кои се наоѓаат во објектите и нема да исклучува

ЈП Водовод и канализација: Наместо во нашите простории, сите информации граѓаните може да ги добијат телефонски и електронски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, согласно новонастанатата ситуација со коронавирусот во земјава, како и повикот на Регулаторната комисија за енергетика во овој период, се додека важат препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, нема да ги исклучува корисниците на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови.

Како што соопштија од претпријатието, во овој период, инкасаторите за читање на состојбата на водомерите, нема да влегуваат во објектите во кои водомерите се поставени внатре.

Претпријатието ги повикува корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје да се обратат на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар или 02 3240 300, Дирекција. мс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата