Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Водата за пиење во Гевгелија е потполно исправна за употреба

Водата за пиење во Гевгелија е потполно исправна за употреба
300x250 opst2

Гевгелија,3 април 2020 (МИА) – Информацијата за неисправност на водата за пиење од гевгелискиот водовод, што кружеше вчера на социјалните мрежи и внесе извесна доза на паника кај граѓаните, денеска е официјално демантирана од ЈПКД ,,Комуналец,, кој стопанисува со регионалниот водоснабдителен систем.

Во демантот од раководтвото на гевгелиски ,,Комуналец,, се вели дека согласно резултатите од последните редовни анализи, кои се направени на 24 и 31 март оваа година, водата за пиење во општина Гевгелија комплетно ги исполнува сите услови за техничка, хемиска и бактериолошка исправност, што значи дека е здрава за пиење.

Надлежните од јавното комунално претпријатие упатија молба до граѓаните да не шират дезинформации и во овие тешки моменти на борба против корона вирусот непотребно да не креваат паника во јавноста. им/оџ

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја