Утрински Весник
Магазин

Внукот на кралицата сподели видео со онлајн-фитнес програма, фановите одушевени

Внукот на кралицата сподели видео со онлајн-фитнес програма, фановите одушевени
Dik 300x250 mk

Помладиот син на лејди Сара Чато работи како персонален фитнес тренер додека студира на Универзитетот во Единбург.

Во октомври беше објавено дека внукот на принцезата Маргарет, Артур Чато, ќе биде личен тренер во новоотворената спортска сала во Единбург, „Баунд-фитнес“, додека студира.

А сега, во период кога спортските сали се затворени, Артур глуми во неговото прво видео за онлајн тренинг, а фановите на мускулестиот и најпосакуван кралски ерген се многу среќни поради тоа, коментираат британски таблоиди.

Сите фанови се согласни дека инструкторот има клучна улога за ефективен тренинг во домашни услови.

Иако јавноста не го знае многу, Артур (21) ги освои социјалните мрежи на кои открива многу повеќе од кој било член на монархијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза 

Комарци првпат забележани на Исланд

Бела пилешка чорба – 24info.mk