Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Внукот на Ингрид Бергман на настан на „Булгари“

Внукот на Ингрид Бергман на настан на „Булгари“
Img 7972

Внукот на холивудската икона Ингрид Бергман, Роберто Роселини (28) покажа дека го негува својот впечатлив моден израз следејќи ги стапките на неговата мајка Изабела Роселини, која ја започна својата кариера како модел.

Во средата навечер, младиот и надежен модел присуствуваше на настан на брендот „Булгари“во Њујорк  со Ирина Шајк и Дав Камерон.

Роберто носи бела кошула и темен костум, без вратоврска. На вратот има ѓердан од бело злато со дијамантски приврзок

Ѕвездата на Blue Velvet („Сино кадифе“) го посвои Роберто во 1993 година кога беше свршена со англискиот актер Гери Олдман. Изабела има и ќерка, Елетра Роселини Видеман (38), која исто така работи како модел.

Изабела својата кариера ја започна како манекенка на „Вог“, а потоа почна да се занимава со актерство. Нејзина најпозната улога е во „Сино кадифе“.

Нејзината мајка, Ингрид Бергман, беше една од најголемите актерки од златната холивудска ера. Природната и непретенциозна убавина на Бергман и огромниот актерски талент ја направија една од најславните личности во историјата на американската кинематографија.

Оскаровката Бергман е една од најнаградуваните актерки, исто како и Мерил Стрип и Френсис Мекдорманд.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?