Утрински Весник
Македонија

Внатрешно ќе се уредува третата ламела од Домот за стари лица во Берово

Внатрешно ќе се уредува третата ламела од Домот за стари лица во Берово

Берово, 23 јуни 2020 (МИА) – Реконструкцијата на третата ламела од Домот за стари лица во Берово доби зелено светло од Комисијата за евалуација на петте проекти, кои како дел од работата на Центарот за развој на Источно-планскиот регион ќе се финансира со средства од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
За реализација на оваа активност, како што информираа надлежните, Општина Берово претходно учествуваше на регионални форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на Источно-плански регион.
-Форумскиот процес е прекинат заради состојбата со КОВИД-19. Направен е исклучок во процесот, а заради продолжување со проектните активности на регионалните форуми, донесена е одлука, да не се одржат преостанатите сесии, односно да се прифатат дефинираните пет предлог идеи, од предложените проекти на првата и втората форумска сесија, информираа надлежните.
Согласно ова, како што додаваат тие, Комисијата одговорна за евалуација на проектите, составена од двајца членови од Швајцарската амбасада, два члена од Министерството за локална самоуправа и еден член од кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, одлучи средствата во износ од 6,8 милиони денари, од кои 3,5 милиони денари се од Швајцарската агенција за развој и соработка и 3,3 милиони денари од Министерството за локална самоуправа, да ги додели на Општина Берово, за внатрешно уредување на третата ламела од Домот за стари лица.
-Во целокупниот финансиски круг, општината ќе учествува со буџетски средства, во износ од 426,9 илјади денари. Во меѓувреме, општинската јавна установа за стари лица, заврши со активностите за реконструкција на третата ламела и таа е целосно подготвена, со комплетна проектна документација, да ги користи одобрените средства, додадоа од општина Берово.
Со внатрешното уредување на третата ламела, општинската јавна установа Дом за стари лица „Др. Иван Влашки“ во Берово, ќе обезбеди 10 нови легла за корисниците, со што како што додаваат од општината Берово и источниот регион ќе имаат голем социјален, но и економски бенефит. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ