Утрински Весник
Македонија

Внатрепартиски избори во СДСМ на 21 март, Конгрес на 16 мај

Внатрепартиски избори во СДСМ на 21 март, Конгрес на 16 мај
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Централниот одбор на СДСМ вечерва ја одржа дваесетта седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за актуелни процеси кои се одвиваат во партијата, внатрешните промени, модернизацијата и демократизацијата, како и повеќе важни општествени теми од интерес на граѓаните.

Централниот одбор го усвои Извештајот поднесен од генералниот секретар Љупчо Николовски, за спроведена постапка за ажурирање на членовите и активна регистрација. Заедничка оценка е дека процесот на ажурирање се спроведе успешно.

„СДСМ брои над 80.000 членови, социјалдемократското семејство е доволно големо, силно и обединето. СДСМ е прва во промените, се менува за подобро да им служи на граѓаните и државата“, велат од партијата по состанокот.

Следен чекор се првите директни внатрепартиски избори закажани за 21 март на кој сите активно регистрирани членови ќе го бираат претседателот на СДСМ. По одржувањето на директните избори Централниот одбор донесе одлука, на 16 мај 2021 година да се одржи 26-тиот Конгрес на СДСМ, кој ќе биде изборен.

Во оваа насока ЦО го усвои Правилникот и Роковникот за постпаката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ. Го овласти Извршниот одбор да утврди дневен ред, време, место и начин на одржување на Конгресот, имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот.

Во однос на актуелните општествени теми, претседателот на СДСМ, Зоран Заев информираше дека приоритет на Владата останува заштита на здравјето на граѓаните, економски раст, борба против корупцијата и криминалот како и продолжување на реформите и напредокот на земјата.

„Бројот на новозаболени од коронавирусот повотрно расте и затоа се преземаат нови мерки. Вакцини се нарачани во поголем број, од различни производители кои се очекуваат да пристигнат во земјава, а процесот на вакцинација на здравствените работници се одвива успешно. Државата е подготвена за брзо спроведување на масовна имунизацијата на населението“, рече Заев.

Во однос на владеење на правото и борбата против корупцијата, беше подвлечено дека во изминатиот период се потврдила силната политичка волја и се разобличиле сите лаги коишто се пласирале од страна на опозицијата која останува единствена во одбрана на криминалот.

„СДСМ покажа силна посветеност за правда, одлучност и непоколебливост, борбата против корупцијата да се истера до крај. Правдата е тука, секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност“, велат од партијата.

Еден од закучоците е и дека на економски план видливо е оти мерките и политиките што Владата предводена на СДСМ ги презела, даваат резултати.

Во однос на актуелната политичка ситуација, претседателот Заев посочи дека парламентарното мнозинство е стабилно со изгледи дополнително да расте, а соработката во коалицијата во Владата ја оцени како многу добра.

За претстојните локални избори и измените на Изборниот законик, претседателот Заев го реафирмираше ставот дека СДСМ е за една изборна единица и поддржува воведување отпечаток на прст при гласањето. Но, за сето тоа потребни се измени на Изборниот законик кои треба да се донесат со консензус, без надласувања.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026

Наслов: Кривична пријава за измама при продажба на куќа во Тетово

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево