Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-Народна: Уште еднаш се потврди дека овој изборен модел ги фаворизира големите партии

ВМРО-Народна партија оценува дека изборите поминале во мирна и демократска атмосфера, а, како што велат, тоа се потврдува и со фактот дека Македонија е етаблирана демократија во поглед на изборните процеси.

„За жал, мораме да констатираме дека и на овие избори се потврди тоа дека изборниот модел е надминат и дека големите партии се непотребно фаворизирани со овој систем, а малите политички партии претрпуваат порази несоодветни на нивните гласачки тела“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека изборниот модел фаворизиран од ВМРО-ДПМНЕ придонел македонскиот етникум да е најмалку застапен досега во историјата на изборите.

„Веруваме дека поовие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најголемиот застапник за Македонија – една изборна единица, секако доколку има таму некој кој може да направи едноставна анализа на работите“, велат од ВМРО-Народна.

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт