Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНE: Османи призна дека Владата била запознаена, зошто институциите дозволиле формирање на вакво здружение?

ВМРО-ДПМНE: Османи призна дека Владата била запознаена, зошто институциите дозволиле формирање на вакво здружение?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи со денешната изјава „да не се викаше бугарскиот клуб ‘Ванчо Михајлов’, ќе дојдеше државниот врв и заедно ќе го отворевме”, всушност призна дека Владата била запознаена со сите детали околу скандалозната промоција на фашизам од Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина се грозни и манипулативни обидите на Владата и перјаниците на СДС вниманието на јавноста да се дефокусира обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ за некаква поврзаност со промоцијата на ‘Ванчо Михајлов’, наместо целокупното внимание да се насочи кон единствената вистина зошто Владата молчеше за промоцијата на фашизам на Бугарија среде Битола и зошто не побара забрана за делување на здружението кое величи човек со контрoверзно минато“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вистинското прашање е како институциите дозволиле формирање  здружение кое го велича ликот на Ванчо Михајлов, надвор од историскиот контекст на неговата улога, погрешно интерпретирајќи ги и глорифицирајќи ги неговите заложби за негирање на македонскиот народ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт