Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: 330 луѓе починаа од Ковид-19 во Прилеп, за никој од нив не беше пуштен хеликоптер

ВМРО-ДПМНЕ: 330 луѓе починаа од Ковид-19 во Прилеп, за никој од нив не беше пуштен хеликоптер

330 луѓе починаа од Ковид-19 во Прилеп, а за ниту еден од нив не беше пуштен хеликоптер, што можеби би спасило нечиј живот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како критика за тоа што премиерот Заев и министерот Филипче вчера, како што велат, на државен трошок летале од Скопје до Прилеп.

„Не беше пуштен хеликоптер ниту за 50 починати вчера, но затоа се пушта хеликоптер за Заев и Филипче. Секојдневно во Македонија умираат луѓе од Ковид-19 и се заразуваат и по 1.500 на ден, за ниту еден од нив не е пуштен хеликоптер, а сигурно меѓу нив имало животи кои можеле да бидат спасени, доколку тоа се направело“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава дека Заев за Прилеп летал со хеликоптер за да не ги види и прилепските тутунари.

„Нивниот тутун се купуваше за стотина денари, а фамилиите плачат затоа што немаат што да јадат“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додавсаат дека премиерот лета со хеликоптер мислејќи дека ќе ја надлета црната реалност.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт