Утрински Весник
Македонија

ВМРО – ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО – ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран Заев дека е доста со понижување и распродажба на историјата и ќе побараат оставка од него.

„Денес е денот кога сите граѓани на Република Македонија ќе продолжат заедно во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава. Време е да се каже доста е на понижување и распродажба на државните и национални интереси. Токму затоа сите граѓани заедно сплотени, во масовен број и ќе испратат порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси“, велат од партијата.

Протестите во Скопје ќе почнат во 15 пред Владата и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се одржат и во Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид, со почеток од 18 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

АД ЕСМ остана без директор за правни и општи работи

ДУИ: Повик на институциите да го почитуваат законот и Уставот, да го запрат јазичниот дискриминациски курс