Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Коста Петров

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Коста Петров

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски најави кривична пријава за одговорност за директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, за којшто тврди дека го прекршил законот со тоа што исплатил буџетски пари за рекламирање на Фондот.

„Да разјасниме: Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, претседателот на СДСМ чиј заменик односно потпретседател е Коста Петров во 2017 година донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа, се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми. Според законот за иновациски дејности, Фондот за иновации е формиран од Владата на Република Македонија, има статус на правен субјект, користи буџетски пари, она што е најважно практично затоа и беше донесена од СДСМ, тогаш беше и така промовирана оваа мерка користи буџетски пари Фондот за иновации на Република Македонија. А, вклучително и директорот на Фондот за иновации е назначен на седница Влада. Затоа, де факто овој заклучок на Владата кој што е донесен пред три години важи и за Фондот за иновации, односно за Коста Петров“, рече Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ бара од институциите да реагираат, а Фондот за иновации јавно да ги обзнани сите документи, каде се рекламирал Фондот за иновации, колку пари потрошил и кој ги исплатил тие пари односно со чиј потпис.

„Кривична пријава за одговорност од ВМРО-ДПМНЕ, секако ќе има“, рече Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор