Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе изградиме ветерен парк во Миравци

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

Скопје, 26 февруари 2020

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада ќе следи обнова која ќе значи почист воздух и повеќе здравје за граѓаните.

Еден од клучните приоритети на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде животната средина и чистиот воздух.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме на обнова која ќе донесе до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат. Тоа подразбира намалување на загадувањето за 50 проценти. Оваа ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и негово користење од државните институции како и од компаниите кои се загадувачи.

Истовремено новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојбата сега. Почист воздух за повеќе здравје.

ВМРО-ДПМНЕ обврзува на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата. за прв пат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата која што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостаток да биде испорачана до потрошувачите. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.

По 12-ти април ќе дојде обновата на Република Македонија. Обновата ќе значи повеќе за секој граѓанин на Република Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички