Јавна тајна е дека Спасовски и неговите луѓе со нарко картелите се во пакт, реторичко е прашањето кој ја проби полициската акција. Секоја држава има криминалци, само во Македонија криминалците имаат своја држава, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ Епската битка против сузбивањето на голема група на криминалци, шверцери и дилери на дрога која Спасовски гордо се пофали, заврши со заплена на минимално количество на дрога од дури 100 грама кокаин и уапсени ситни „риби“.
На главните криминалци, нарко-босови некој од власта им дојавил за акцијата и им дозволиле да побегнат. Оливер Спасовски безобразно ја излажа целокопната македонска јавност дека акцијата „Планина“ со заплена од 100 грама дрога и пронајдени клучеви од автомобили е успешна.
Јавноста е сведок како Оливер Спасовски и функционери од СДСМ гордо се сликаат со нарко босовите на т.н акција „Планина“. Истите лица кои побегнаа и се спасија, се во друштво на Спасовски. Оној истиот Спасовски кои веќе 5 години е прв човек во министерството за внатрешни работи и нема реализирано ниту една успешна акција.
Оливер Спасовски и Вилма Русковска треба да одговорат кои високи функционери од МВР им дојавија на криминалците од Грчец и Арачиново дека се организира акција и им помогна да побегнат?
Нерасчистени убиства, претрелки сред бел ден, криминалците кои неприкосновено шверцуваат дрога низ учиците се секојдневие во Македонија и за ова никој нема понесено одговорност.
Заев и Спасовски се способни само за криминал. Македонија е закована на дното на сите реномирани светски извештаи за справување со криминалот и корупцијата. Одговорност за ваквото криминално однесување ќе има“ стои во партиското соопштение.