Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов 4 години лаже за реконструкција на Универзална сала, а сега лицемерно зборува за култура

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов 4 години лаже за реконструкција на Универзална сала, а сега лицемерно зборува за култура

Шилегов 4 години лаже за реконструкција на Универзална сала, а сега лицемерно зборува за култура, реагираат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за најавите на Шилегов.

„Четири години Универзална сала стои како руина во сред Скопје, затворена, без воопшто да се користи. Реконструкцијата на Универзална сала беше едно од клучните ветувања на Шилегов, помина цел мандат, тој ништо не направи. Сите културни настани се минимизирани и не се води грижа за културата“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека нема ниту една инвестиција во културата, ниту програмски, ниту инфраструктурно во нови објекти.

Градот Скопје ќе го смени пристапот кон културата на подобро по локалните избори, тогаш и Шилегов ќе види како се работи за Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт