По четири години како градоначалник, Петре Шилегов се фали дека сменил пар даски на неколку клупи во Градскиот парк, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, откако скопскиот градоначалник денеска најави реконструкицја на патеките и пормена на ликот на новиот дел од централниот парк.
Според опозициската партија, поправањето на искршени клупи и патеки е обрвска на Шилегов, а не проект за сликање пред камери.
„Јавните претпријата во состав на градот имаат обврска да се грижат за клупите, кантите за отпадоци и останатите работи кои спаѓаат во доменот на нивна работа. Замена на пар даски на неколку клупи во градски парк не е работа за која треба да се организира настан за сликање и давање изјави, тоа е редовна обврска на јавните претпријатија“, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така велат дека четири години Шилегов неработата ја претставува како врвно достигнување, а како што нагласуваат, никаде ги нема поголемите најавени проекти како тунелот под Кале или продолжението на Булеварот Илинден.