Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов незаконски распишува тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов незаконски распишува тендер
300x250 opst2

Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов го крши изборниот закон. На три дена од својот изборен пораз, незаконски распишува тендер, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес – конференцијата на Шилегов на која објави дека е распишан тендер за реализација на Бас рапид транзит системот.

„Изгледа гори под нозе па затоа му се брза да распишува тендери и уште повеќе се закопува. Мисли дека ако со ваков гол популизам ќе се спаси од катастрофален пораз и ќе се претстави дека нешто сработил, тогаш се лаже. Проектот кој што денес спротивно на закон го тендерира, на само два три дена од изборниот пораз кој ќе го доживее, е критизиран од јавноста. Народот виде каков неработник е, а веќе се гледа и дека отишол од другата страна на законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го обвинија Шилегов дека со прст не мрднал четири години за Скопје и затоа, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, на 31-ви ќе му биде испорачана сметката од граѓаните во форма на изборна казна, а за други казни ќе одлучува ослободеното правосудство многу скоро.

Можете да прочитате

Скопјанка истепана од поранешниот сопруг, кој веќе имал за забрана за приближување

Полицијата фати шверцери на цигари, лишени од слобода три лица за даночно затајување и недозволена трговија

Средба на министерот Муцунски со министерот за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, Јоаким Странд