Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Богдановиќ промовираат жардињери, наместо булевари

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Богдановиќ промовираат жардињери, наместо булевари

Градоначалниците на Скопје и Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ денеска промовираа жардињери, наместо булевари и капитални проекти, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„На само 200 метри од местото каде промовираа жардињери и трева се наоѓа објектот дивиградба кој никој не смее да го спомне. Но и местото каде требаше да има нова раскрсница на повеќе нивоа. На само 500 метри од местото на кое денес беше Шилегов е тврдината Кале, каде требаше да има тунел, а кој го нема“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, срамота е на крај на мандат Шилегов да нема ниту еден капитален проект од значење за градот и да се фали дека работниците на Улици и патишта или Паркови и зеленило поставиле жардињери или засадиле трева што им е секојдневна работа.

Градоначалните Шилегов и Богдановиќ денеска беа на настан на кој го промовираа новиот дрворед на булеварот „Гоце Делчев“ кај МРТВ.

Од Град Скопје соопштија дека со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници градоначалниците и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, симболично ја почнале пролетната сезона на садење за оваа година.

„Знаете дека во изминатиот период сериозно работевме на подобрување на квалитетот на зеленилото во градот, само високостеблести дрвја во периодов имаме засадено околу 18 илјади. Во изминативе три години обновивме над 260 квадратни метри зеленило, и минатата година го срушивме рекордот со изградба на преку 100. 000 квадратни метри на нови и обновени зелени површини. Во исто време паралелно на повеќе локации низ нашиот град се врши обновување на постојното зеленило, а се формира зеленило и на новите четири булевари“, рече Шилегов.

Тој додаде дека Скопје чекор по чекор се претвора во зелена престолнина каква што скопјани заслужуваат, односно со високи европски стандарди на уредување на зеленилото коешто е под ингеренции на Градот.

 

Можете да прочитате

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег