Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години им требаше на СДСМ да ја отклучат зградата која ја изгради ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години им требаше на СДСМ да ја отклучат зградата која ја изгради ВМРО-ДПМНЕ

Можеме само да замислиме колку децении ќе им требаат да изградат нова. Зградата во која денес се всели министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште 2017 година, обвини ВМРО_ДПМНЕ.

„ СДСМ чекаше буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ од инает не влегуваат во нови згради, затоа што тие се градени од ВМРО-ДПМНЕ, а од инаетот на СДСМ страдаат вработените во институциите, граѓаните и буџетот. Tоа што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, Заев не може да го искречи.

Власта плаќа кирии за стари објекти, повеќе пари за греење и други трошоци затоа што Заев не може да се помири со фактот дека ништо не направил. 4 години имаме општа стагнација, но и после 4 години единствено добра работа што е направена е направена од ВМРО-ДПМНЕ“ се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Долгорочни прогнози: Не чека блага зима со малку снег

Кражба во црквата „Свети Никола“ во Катланово, маж снимен како ги собира парите од иконите

Изминатите четири дена уапсени седум лица за безобзирно управување на возило