Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Цените на горивата се и до 113.5 денари, народот плаќа за власта да краде

Премногу е, цените на горивата се и до 113.5 денари, народот плаќа за власта да краде. Цените на горивата се на историски максимум, и тоа не е заради цената на светските берзи, туку заради високата акциза од која власта не сака да се откаже, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека од денеска дизелот се продава по цена од 107.5 денари, а бензинот БС 98 по цена од 113.5 денари, тоа се највисоки цени на горивата до сега. И тоа е само затоа што СДСМ и ДУИ откако се на власт во 4 наврати ја зголемуваат акцизата.

Доколку СДСМ и ДУИ го поддржеа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%, тоа врз буџетот ќе имаше импликација од 50 милиони евра, а за народот ќе значеше и до 25 денари поефтини горива.

За 25 денари поефтини горива ќе значеа повеќе пари кај граѓаните, поефтин транспорт и пониски цени на производство во индустријата и земјоделието.

Но СДСМ не сака да се откаже од 50% од акцизата затоа што сакаат повеќе пари во буџетот за матни тендери. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините

Се интензивира откупот на тутунот