Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот во Македонија се плаќа со човечки животи

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот во Македонија се плаќа со човечки животи

„Институциите се целосно нефункционални, бидејќи прв и единствен интерес на Заев и неговите најблиски соработници е личното богатење. Затоа владее хаос и неизвесност, а на две недели до почетокот на учебната година стотици илјади семејства не знаат дали и како ќе се прганизира наставата.Состојбата со коронавирусот е загрижувачка. секојдневно се бележат нови заразени и нови починати. уште позагрижувачки е однесувањето и рамнодушноста на власта за целовкупната состојба“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, нови кластери се отвораат, како што е состојбата во психијатриската болница во Демир Хисар.

„Бројот на активни случаи од 3.021 граѓани заболени со корона е поразителен. Македонија во август месец е високо на рангот на држави кои имаат најголем број на заразени на сто илјади жители со дури 594 случаи, далеку пред дел од земјите од регионот.

Системот на здравството не функционира со СДСМ на власт, состојбите во болниците и начинот на кој се третираат пациентите се мизерни, граѓани кои се негативни се ставаат во самоизолација или во карантин. ВМРО-ДПМНЕ во многу наврати посочуваше дека мерките за превенција треба да бидат во примарен фокус, за да може да се стави крај на ширењето на вирусот, но власта со недостатокот од знаење и својата неспособност дозволи вирусот да земе се поголем замав.Филипче и СДСМ со своите политики не знаат каде тераат, а безидејноста ја гледаме од почетокот на кризата до сега.

Неспособноста за одлучување и превземање на одговорност во грижата за учениците, неизвесноста која се одолговлекува само го зголемува нетрпението кај родителите, и покажува дека Филипче и СДСМ немаат никаква идеја што да прават.Македонија е негативен пример за регионот и Европа и на врвот на земјите кои неуспешно се справуваат со коронавирусот“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт