Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на СДСМ да покажат солидарност со народот и да се откажат од примањата и луксузот

ВМРО-ДПМНЕ: За две и пол години СДСМ ја уназади државата на сите полиња

Скопје, 31 март 2020

ВМРО-ДПМНЕ јавно се откажа од буџетско финансирање уште пред една недела. Но, СДСМ слуша само тоа што сака да слушне и држат празни прес конференции и не нудат никакви решенија со кои ќе им се помогне на граѓаните.

Наместо да држат празни прес конференции, функционерите на СДСМ јавно да излезат и да се откажат од своите примања од државата.

Нема збор од Оливер Спасовски да се откаже од 88.000 денари плата. Нема збор ниту од Шекеринска да се откаже од платата од над 80.000 денари, ниту од Царовска која зема плата од над 73.000 денари. Но, нема збор ниту од Никола Димитров, ниту од Рената Десковска.

Не само што нема збор функционерите на СДСМ да се откажат од своите плати, нема збор и да тие се откажат од своите привилегии како што се службените возила, телефони, репрезентации кои ги прават со и плаќаат со парите на народот.

Наместо да држат празни прес конференции, СДСМ и нивните функционери треба веднаш да се откажат од своите примања и да му помогнат на македонскиот народ.

Македонија ќе ја преброди оваа криза.Државата преживеала многу. Неспособните политичари кои се обидоа да ќарат на грбот на граѓаните ќе бидат казнети.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт